Една од главните работи кои треба да ги направиме во моментов е да се подготвиме за периодот што следи. Да ислушаме некој online семинар, да прочитаме некоја нова книга, да бидеме позитивни и рационално да се подготвиме за подобрите времиња, кои брзо ќе дојдат.
Затоа ве повикуваме, сетете се на сите генијални идеи кои не сте имале време да ги реализирате. Сетете се на сите планови кои сте ги имале. Светот се менува, но земјата продолжува да се врти.
Сега е моментот да ги разработите сите нови, интересни идеи, да подготвите сѐ што треба за да бидете чекор пред сите кога овој период ќе помине.
Имате нов производ на кој му треба исклучителен дизајн?
Имате потреба од online или offline кампања за веќе постоечките производи и услуги?
Потребна ви е нова, функционална, веб страна со чист и современ дизајн?
Испратете ни го вашиот бриф, предизвикајте нѐ, ќе го добиете најдоброто од нас.
Брифот треба да е што појасен, за да добиеме јасна слика што е она што ви е потребно. Секако, сакаме и:
• Да ни се претставите
• Да ни кажете кој е рокот до кога треба креативата да биде комплетно готова
• Кој е рокот за имплементација на проектот (кога планирате да го пуштате во производство новиот производ, кога планирате да почнете со кампањата…)
Сите компании и поединци со позитивен дух имаат право на учество на овој конкурс.
Конкурсот има само еден услов: проектот со кој аплицирате да е остварлив и да се аплицира до крајот на 2020 година.
За брифовите кои ќе успеат да го предизвикаат најкреативното во нас, ќе најдеме дополнителни начини како да ги реализираме.
Го очекуваме вашиот бриф најдоцна до 4 мај (до 12 часот) испратен на dare_us@kliker.mk . А ние ќе ви одговориме и јавно ќе објавиме кој бил најинспиративниот бриф, најдоцна до 11 мај. Пример за креативен бриф може да симнете тука.