Knowledge bank

Како да напишете квалитетен
креативен бриф

1 Mins read

Креативниот бриф е задолжителен, кога започнувате проект. Тоа е најважната работа кога дефинирате што вие како бренд сакате да постигнете и која е целта на кампањата. Целиот процес на пишување креативен може да биде стресен.

Но, доколку ги следите овие лесни чекори тогаш пишувањето на брифот ќе биде само една убава забава:

ЗА БРЕНДОТ Почнете со информации за компанијата, давајќи детали за брендот во неколку реченици. Нагласете ја пораката на брендот. Имајте на ум кој е проблемот што се обидувате да го решите.

ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА Дефинирајте ја јасно целта на кампањата (пр. повеќе претплатници, свесност за брендот, дизајн на продукт, дизајн на лого, зголемување на нарачки преку Интернет или плаќања преку Интернет, итн.)

ЦЕЛНА ГРУПА Дајте информации за вашата публика. Бидете прецизни при дефинирање на целната публика. Колку повеќе кажете за вашата целна група, толку подобри резултати ќе добиете подоцна. Заедно со демографијата (возраст, пол, географија) добро е да ја вклучите и Buyer persona.

КОНКУРЕНЦИЈА Наведете ги вашите конкуренти, потенцирајќи ги предностите и разликите на вашиот бренд.

ГЛАВНА ПОРАКА Важно е да имате главна порака која ќе треба да се комуницира и идеја со кој тон сакате таа да биде пренесена.

ПЛАН НА ДИСТРИБУЦИЈА Направете план за дистрибуција, имајќи ја предвид вашата целна група (пр. доколку генерација Y е вашата целна група, значи дека е паметно да потрошите пари на социјалните медиуми, а не на ТВ)

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ Не заборавајте да ги ставите задолжителните елементи што треба да бидат дел од креативните решенија (лого, контакт, е-пошта, URL, итн.).

ВРЕМЕНСКИ ПЛАН – Ставете го датумот на започнување на кампањата заедно со планираното времетраење на кампањата.

Се надевам дека ќе уживате во вашиот следен проект создавајќи фасцинантен бриф.

Related posts
Knowledge bank

Продавачите се од Марс, а маркетерите се од Венера и заедно ја вртат Земјата

1 Mins read
Успешните компании се организации каде корпоративната култура и претставувањето на брендовите се прави со обединет и препознатлив тон и со синхронизирано обраќање…
Knowledge bank

Никогаш нема да добиете втора шанса за да го оставите првиот впечаток!

1 Mins read
Која е првата слика што ја имате кога ќе се спомне некоја компанија? Решавате да отворите фирма со комплетна идеја за нејзината…
Knowledge bank

Имате ли добар маркетинг план?

1 Mins read
„Визија без акција е сон. Акција без визија е кошмар” Јапонска поговорка На вашата компанија и на вашите брендови потребна им е…