Daring goals

Најинспиративниот бриф,
добива креатива гратис!

1 Mins read

Една од главните работи кои треба да ги направиме во моментов е да се подготвиме за периодот што следи. Да ислушаме некој online семинар, да прочитаме некоја нова книга, да бидеме позитивни и рационално да се подготвиме за подобрите времиња, кои брзо ќе дојдат.  

Затоа ве повикуваме, сетете се на сите генијални идеи кои не сте имале време да ги реализирате. Сетете се на сите планови кои сте ги имале. Светот се менува, но земјата продолжува да се врти. 

Сега е моментот да ги разработите сите нови, интересни идеи, да подготвите сѐ што треба за да бидете чекор пред сите кога овој период ќе помине.

Имате нов производ на кој му треба исклучителен дизајн?

Имате потреба од online или offline кампања за веќе постоечките производи и услуги?

Потребна ви е нова, функционална, веб страна со чист и современ дизајн? 

Испратете ни го вашиот бриф, предизвикајте нѐ, ќе го добиете најдоброто од нас. 

Брифот треба да е што појасен, за да добиеме јасна слика што е она што ви е потребно. Секако, сакаме и: 

• Да ни се претставите

• Да ни кажете кој е рокот до кога треба креативата да биде комплетно готова

• Кој е рокот за имплементација на проектот (кога планирате да го пуштате во производство новиот производ, кога планирате да почнете со кампањата…)

Сите компании и поединци со позитивен дух имаат право на учество на овој конкурс.

Конкурсот има само еден услов: проектот со кој аплицирате да е остварлив и да се аплицира до крајот на 2020 година.

За брифовите кои ќе успеат да го предизвикаат најкреативното во нас, ќе најдеме дополнителни начини како да ги реализираме. 

Го очекуваме вашиот бриф најдоцна до 4 мај (до 12 часот) испратен на dare_us@kliker.mk . А ние ќе ви одговориме и јавно ќе објавиме кој бил најинспиративниот бриф, најдоцна до 11 мај. Пример за креативен бриф може да симнете тука.

Related posts
Daring goals

From scratch…

1 Mins read
Досега сите веќе го прифативме фактот дека оваа година е ненормална, најблаго кажано. Овој силен аргумент донесе со себе 1001 една промена….
Daring goalsDaring goals

Создавањето на брендот Allegra

1 Mins read
Развојот на комплетно нов бренд претставува голем предизвик и одговорност, но и радост, бидејќи имаме можност да создадеме нешто сосема ново, да…
Daring goals

Брифот кој успеа
да нѐ предизвика

1 Mins read
Во трката за најинспиративен бриф учествуваа повеќе компании од различни индустрии. Уживавме додека ги читавме и препрочитувавме. Нѐ радува моментот дека многумина…