Дали досега сте се огласувале на LinkedIn? LinkedIn е вистинското место за Вас, особено доколку сте во B2B сферата. Во оваа статија нема воопшто да ги разгледуваме опциите за огласување на LinkedIn, туку ќе се обидам да ви го претставам делот на InMail, односно од скоро со ново име Message ad.
А што всушност е LinkedIn InMail? Toa се пораки, кои стигнуваат во сандачето на таргетираната публика на LinkedIn… Но, за ова многу повеќе ќе пишувам во некој следен пост. Сега сакам да ви ја раскажам успешната приказна поткрепена со бројки и факти. Имено, секогаш постои голем отпор кај Клиентите во прифаќање на нови работи, кои немаат позади себе веќе некој успех на локална територија. За среќа, во оваа наша приказна убедувањето не беше тешко. Клиентот ни веруваше и почетокот на кампањата започна со точно предвидениот план.
Јасно беше дефиниран таргетот на кого сакаме да се обратиме. Содржината на маилот беше прецизна со многу јасен и допадлив наслов. Секако дека во контентот на маилот имаше и линкови, кои водеа до определени делови од интернет страницата на клиентот, на кои можеше да се прочитаат повеќе информации. Во маилот имаше и CTA (call- to- action) копче, преку кое треба дополнително да се измери успешноста на оваа кампања. Времетрањето на кампањата беше точно 17 дена, со секојдневно рамномерно испраќање на маилот.
На крајот сумираните резултати беа:
- Вкупно пратени пораки – 1.564. Од нив отворени пораки – 1.026 со стапка на отвореност (open rate) од 77,11%.
- Испратени пораки до 35% од целната група (од вкупниот потенцијал на демографското таргетирање)
- Испратени пораки до 35% од целната група (од вкупниот потенцијал на демографското таргетирање)
- Трошокот по пратен инмаил е 0.10 еур и трошокот по отворен инмаил 0.13 еур.
Најмногу испратени маилови има до сениор позиции
Добиените информации во финалниот извештај (кои вклучуваат и име на компанија, каде што работи примачот на маилот), Клиентот може добро да ги искористи за понатамошна комуникација и да бидат од голема помош на секторот за продажба.
Доколку сакате да ја креираме Вашата успешна LinkedIn приказна, тогаш не мислете се, DARE US!