Во трката за најинспиративен бриф учествуваа повеќе компании од различни индустрии. Уживавме додека ги читавме и препрочитувавме. Нѐ радува моментот дека многумина се потрудиле да бидат детални и уникатни во претставувањето на своите продукти.
Брифот кој ни остави најголем впечаток и успеа да нѐ предизвика е од start up компанија која се занимава со еколошко производство на храна. За нив ќе изработиме комплетен брендинг, веб страна и комуникациска стратегија. Штом ќе биде сѐ готово, со задоволство, резултатот ќе го споделиме со јавноста.
Се радуваме на соработката 😊
На останатите ви благодариме што зедовте учество на конкурсот.