Curious games

Изолација на брендовите – идеи како да се одговори на предизвикот Корона

1 Mins read

Се соочуваме со криза, и тоа не со економска, на која веќе одамна сме навикнати, туку со пандемија, ситуација со каква досега не сме се соочиле.

Во повеќето случаи, компаниите и брендовите не се спремни брзо да реагираат на новонастанатата ситуација. Немаат протокол за вонредни ситуации од овој тип. Иако релативно брзо воведуваат протоколи за миење раце, носење маска и ракавици за заштита на вработените, протокол за заштита на брендовите повеќето сѐ уште немаат. Треба ли брендовите да бидат во изолација? Треба ли да замолчат на одредено време? Ќе можат ли после да воскреснат како ништо да не било? Или треба да се приспособат на ситуацијата која сите нѐ погодува, да покажат разбирање за емоциите на потрошувачите и да го најдат вистинскиот тон за комуникација со нив.

Секоја ситуација, колку и да е нова и тешка, може да биде и нов предизвик, шанса да се зацврсти позицијата, да се освојат срцата на потрошувачите. Затоа еве неколку препораки, како можат брендовите да одговорат на предизвикот КОРОНА:

  • Постовите планирани од пред неколку недели, не се повеќе актуелни – стопирајте ги;
  • Кампањите што комуницираат патувања, масовни дружби, среќа од невидени размери, не се соодветни – стопирајте ги;
  • Итно направете нова комуникациска стратегија;
  • Доближете им се на потрошувачите, покажете разбирање, бидете им поддршка;
  • Бидете потивки од вообичаено, но бидете тука, како најдобриот пријател кој не ви досадува со совети, а секогаш е тука за да ве сослуша;
  • Помогнете доколку можете. Сега е вистински момент за општествена одговорност на брендовите. Но, искрено, не со задни намери, бидејќи потрошувачите тоа го чуствуваат и знаат да казнат исто колку што знаат да наградат;

Бидете фер и одговорна компанија, не профитирајте од новонастанатата состојба. Почекајте подобри времиња, сигурно ќе бидете наградени.

Смирено, храбро и решително, најдете ја вашата шанса да бидете подобри луѓе, подобри брендови, подобри компании. 

Related posts
Curious games

Креативно
одложување

1 Mins read
Во обид да го напишам мојот прв блог досега со наслов „Креативно одложување“, морав сама да си дадам рок, бидејќи немаше. Така,…
Curious games

Рекламирање во време на корона

1 Mins read
Како (не)треба да комуницираат брендовите? Изминатиов период претставуваше огромен предизвик за компаниите, не само во смисла на организирање на нивното работење, туку…